Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т. (50) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, завчера околу 05:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода била опожарена влезната врата од стан, сопственост на Х.С. (57). Полициските службеници од ЕВР Кисела Вода веднаш презеле мерки за расчистување на случајот.
Лицето било лишено од слобода вчера. Во присуство на дежурен јавен обвинител и очевидец, кој го препознал како сторител, со него бил извршен службен разговор.
При разговорот биле обезбедени дополнителни сознанија и појаснувања за начинот на извршување на кривичното дело, по што против него била поднесена кривична пријава.
