– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар. Тие, на 18 месецов околу 22:00 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и користејќи тврди предмети и физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додава дека нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Како што тогаш тврдеа очевидци, станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија, моментно се на одмор во родниот крај, а причина била нерасчистени сметки од онаму каде што живат и работат.
И од полицијата тврдат дека не точни се информациите во дел на медумите каде се наведува дека станува збор за тепачка во чајџилница во Дебар и слаткарница во Центар Жупа, но причината дека била непоседување сертификат за вакциниција против Ковид-19.