Регионалниот центар за гранични работи Север поднела кривична пријава против Д.Т.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

Како што информираат од МВР, на 05.12.2022 на граничен премин Табановце, пријавениот бил затекнат како со патничко возило „ауди“ врши јавен превоз на патници во патниот сообраќај без притоа да поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници.

И ОВР Гостивар поднела кривична пријава против Џ.И.(41) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

Како што информираат од МВР, на 13.10.2022 во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес спринтер“, управувано од пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува важечка лиценца.