По таа основа до сега поднесени се повеќе кривични пријави против жители на Дебар, кои на овој начин се стекнале со против-правна имотна корист, но појавата продолжува.

Последно, дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривни пријави против двајца жители на Дебар по истата основа.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Љ.Л.(46) од Дебар. Тој, во месноста „Бадеми“ на брегот на Дебарско Езеро, на локација од 62 метри квадратни во државна сопственост, неовластено и без соодветно одобрение издадено од надлежен орган, започнал градба на објект од цврста градба, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

По истата основа поднесена е кривична пријава и против М.Б.(59) исто така од Дебар. Тој, во текот на јуни оваа година, во споменатата месност на парцела од 72 метри квадратни во државна сопственост, без да обезбеди одобрение од надлежен орган и спротивно на Законот за градење, започнал градба на објект.

На овој начин Љ.Л. се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 122.760 денари, додека М.Б. со 142.560 денари.