Денес 19.07.2022 година во просториите на општина Гази Баба се оддржа крводарителска акција во организација на општинската организација на Црвениот крст на Гази Баба.

На крводарителската акција крв даруваа вработените во општинската администрација и градоначалникот Бобан Стефковски.

За акцијата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:

-Денес 19.07.2022 година во просториите на општина Гази Баба се оддржа крводарителска акција во соработка со општинската организација на Црвениот крст Гази Баба. Имав можност лично да учествувам и да дарувам крв во рамки на акцијата. Во акцијата учествуваа и вработените во општинската администрација со кои заедно уште еднаш ја докажавме хуманата страна на општина Гази Баба. Преку дарување на крв секој од нас има можност да помогне за спасување на живот, напиша Стефковски.