ЕВН Македонија АД известува дека утре, 20 јули, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево, Центар и Студеничани.

Од 09.00 до 13.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селото Чардак, општина Чучер Сандево.

Од 11.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Орце Николов“, „Дане Крапчев“, „Дебарца“ и „Славка Недиќ“ во општина Центар.

Без струја ќе бидат и корисниците од селата с. Алдинци, с. Црвена Вода и викенд нас. Црвена Вода, с. Палиград, дом Китка, дом Караџица, Принцес Мала Река, викенд нас. Мала Река во општина Студеничани и тоа од 09.00 до 14.00 часот, информираат од ЕВН Македонија АД.