– Од Светската и Европската конфедерација на синдикати многупати е упатено прашањето до премиерот, што се случува со социјалниот дијалог во Македонија, што се случува со КСС и зошто синдикалните лидери од КСС добиваат откази, но одговорот на премиерот е дека не е запознаен со ситуацијата. КСС има доставено низа барања за средби, имаме одржано низа протести и настани, со кои ги искажуваме нашите негодувања и со кои бараме таквите притисоци да престанат, рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на прес-конференција.
Од КСС повикуваат што поскоро да се одржа бараната средба со премиерот на која ќе се разговара за сите проблеми.
– Светската и Европската конфедерација на синдикати бараат од премиерот да се заложи лично синдикатите да имаат еднаков третман во нашата земја, а КСС да се вклучи во социјалниот дијалог рамноправно и да може да одлучува. КСС порачува дека толеранцијата и трпението во изминатите години беше голема, и во контекст на писмото од Светската и Европската конфедерација на синдикати, го повикуваме премиерот, бараната средба да ја оствариме што поскоро и да започнеме да ги надминуваме проблеми наталожени со години, рече Ралповски.
Во спротивно, ККС најавува дека ќе преземе порадикални чекори од досегашните.