Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Г. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од полицијата, на 11 март годинава, пријавениот без надзор го пуштил своето куче на улица. Во тој момент, кучето нападнало две лица – Ѓ.Д.А. и нејзината 13-годишна ќерка.
Од полицијата посочуваат дека по документирањето на случајот е поднесена соодветна пријава против лицето.
