Kyiv Independent објави дека руски ракети погодиле сиропиталиште и градинка во североисточниот украински град Охтирка.

Тие наведуваат дека има загинати и повредени и дека меѓу нив има и деца.

Украинскиот министер за надворешни работи на својот профил на Твитер напиша дека руските напади врз сиропиталишта и градинки се воени злосторства и кршење на Римскиот статут. „Заедно со државниот обвинител собираме докази и се ќе му предадеме на Хаг“, напиша Кулеба и додаде дека некој ќе мора да одговара.