Лидерите на Србија и на Косово ќе се сретнат на 26-ти јуни во Брисел, потврди портпаролот на Европската унија Петер Стано.

Ова ќе биде прва средба на највисоко политичко ниво годинава. Средбата се одржува во рамки на дијалогот за нормализација на односите, а домаќини ќе бидат шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и специјалниот европски пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак.

Во фокусот се споразумот за српски општини во Косово, Еврото во Косово, како и признавања на Косово кое аналитичарите го земаат со доза резерва.