Курти рече дека кампањата против косовските полицајци се води преку социјалните мрежи и дека целта на Белград е да ја спречи интеграцијата на Србите во косовските институции.

Косовскиот премиер Албин Курти ја повика меѓународната заедница да дејствува против кампањата за заплашување започната против новите полицајци од српската заедница кои почнаа да работат на северот на Косово.

Курти рече дека кампањата против косовските полицајци се води преку социјалните мрежи и дека целта на Белград е да ја спречи интеграцијата на Србите во косовските институции.

Повеќето од 72-та нови полицајци на северот на Косово се Срби, а останатите се од други неалбански заедници.

Минатата година речиси 500 припадници на косовската полиција на северот поднесоа оставки по одлуката на Србите од северот да ги напуштат сите косовски институции.