Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека оружјето што западните земји ѝ го испраќаат на Украина само ќе ја продолжат војната во таа земја.

-Колку повеќе оружје Западот ѝ испраќа на Украина, толку подолго ќе трае конфликтот, рече Лавров за време на посетата на Туркменистан.

Тој ги повтори претходните тврдења на руското Министерство за одбрана за смртоносниот ракетен напад врз трговскиот центар во Кременчук, тврдејќи дека руските сили гаѓало складиште за оружје во близина, додавајќи дека трговскиот центар „не бил отворен“.