Не постои ниту друг идентитет, нити друг јазик, ниту друга држава освен Македонија. Застанувам тука без никаква друга цел освен за мојата држава Македонија, без никаква друга позадина, изјави Стефан Лазаров на вечерашниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Тој упати обраќање на младите кои не се тука меѓу нас, кои се дома и ги следат овие протести и кои велат дека ако се присутни тука дека нема ништо да решат.

„Не е така, сите ние треба да станеме да се бориме за нашата држава. Ова се историски моменти и во вакви моменти не смееме да бидеме кукавици. НЕ за бугаризација, НЕ за француски предлог“, рече Лазаров.

Лазаров упати обраќање и на оние кои деновиве си се топлат во фотелја.

„Додека својот народ е излезен, па и нивниот народ ние сме Македонци е излезен на улица па беше и каменуван, тепан а тие седат во фотелја. Сакам да ги прашам како ќе се погледнат во огледало кога ја ставаат својата држава на маса и преговараат? Македонија не е за преговарање, треба да знаат дека тука сме со една иста цел и сите имаме ист став а тоа е НЕ, НЕ, НЕ“, кажа Лазаров.