Селекторот на македонската репрезентација Кире Лазаров сосема очекувано е горд на пласманот на кадетската репрезентација на Македонија во финалето на ЕХФ шампионатот по победата во пенал-рулетот над Швајцарија, пренесува Екипа.

Лазаров по мечот го нагласи задоволството од начинот на кој играа кадетите за кои верува дека може да дојдат и до комплетен триумф на шампионатот.

„Навистина ми е драго поради момците што успеаја да се изборат за финале. Начинот на кој се дојде до победата и се она што се случуваше на теренот на овој историски и интересен натпревар е навистина за гордот. Среќен сум поради момците, мислан дека и Господ не награди на крај. Покажаа ракометарите карактер на овој меч. Оваа победа сигурен сум дека ќе ни даде уште поголем мотив за финалето против Полска. Верувам дека ќе дадат се од себе и на тој меч за победа“ – истакна Лазаров по полуфиналето со Швајцарија.