Селекторот Кире Лазаров знае дека ќе биде тешко, но вели дека се ќе зависи само од нас.

-Противиците се тие што се, нема многу да се оптоваруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме секој натпревар на победа. Прочитав некаде Николче Митревски, еден од нашите лидери изјавил дека ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Веќе од утре почнуваме со подготовки за ЕП. Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Зависиме од нас самите и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари, изјави Лазаров.