Затоа што во моментот владата ја нема мнозинската поддршка во Собрание, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Лефков потсети дека ВМРО-ДПМНЕ има 60 пратеници, а СДСМ има 59 пратеници, а еден пратеник беше исчезнат.
-Го имаме тој парадокс дека денот кога да речеме остана Владата на Заев за жал ја погребавме правната држава односно видовме како седницата за завршуваат владини министри кои што не се пратеници, рече Лефков.
Лефков додаде дека целиот тој парадокс продолжува со што токму тој човек во оставка сега оди и зборува за некакви програмски определби, за нови програми на Владата, а самиот тој и целата македонска јавност се свесни дека тој е во оставка.
-Она што ние го зборуваме е дека внтарепартиските ситуации кои што се случуваат во рамките на СДСМ не не интересираат како партија. Затоа што не можеме, а ниту пак треба едната на другата партија да се мешаат во нивните кадровски решенија. Она што не загрижува нас е што оставката како што реков не стигна во Собрание. Гледаме дека од најавената оставка најпрвин ќе се реализира оставката на неговото како што најави во вторник на неговото претседателско место во СДСМ, појасни Лефков.
Лефков посочи дека покрај енергетска, економска и здравствена криза Македонија се соочува со политичка криза која Зоран Заев ја создаде.
-Ние имаме коректен однос со Алтернатива и ќе ја почитуваме нивната одлука каква и да биде. Се надеваме дека Алтернатива ќе остане на страната на народот. Се надеваме дека нема да се осудат да тргнат по патот и по сценариото на Зоран Заев затоа што тоа со сигурност би значело нивна политичка смрт. Меѓутоа тоа останува нивна одлука на нивните политички тела, рече Лефков.