Лефков додаде дека одлуките за кандидати за градоначалници на ИК на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат потврдени на Централниот Комитет и по тоа ќе следуваат прес конференции на кои што ќе бидат објавени имињата.
– Јас сум сигурен дека ќе дојде до промена на локалните власти насекаде низ државата и се надевам дека и тоа ќе се случи, потребно ни е заздравување и на економијата, заздравување на инфраструктурата, заздравување на комплетниот начин на живеење. Доста им е на граѓаните од неработа на оваа власт, нагласи Лефков.
Лефков посочи дека понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кон сите субјекти во државата кои што се заинтересирани да се тргне од власт хунтата предводена од Зоран Заев останува на маса.