Лефков потенцира дека Тоа не е однесување само на ЈО, тоа го видовме и во Собрание кога одби да разговара на оваа тема.
– Ако внимателно ја проследите изјавата на ЈО за модуларната болница во Тетово ќе видите дека денеска 18 денови по страотната трагедија на распит во ЈО биле повикани само роднините на починатите, односно лица кои се блиски до нивните семејства. 18 денови подоцна ЈО наместо истрага во која ќе бидат повикувани одговорни лица, функционерите кои се одговорни за набавка, за изградба, одговорни за сите аспекти за безбедноста на објектот, тие ги повикуваат само роднините на починатите, рече Лефков.
Тој прашува дали ЈО очекува роднините на семејствата да ги дадат одговорите како тоа од кој материјал се градени модуларните или дали имале систем за рана детекција.
– Дали роднините на починатите треба да го имаат одговорот зошто немало противпожарни апарати? Дали тие треба да одговорат зошто на примопредавањето не биле присутни надлежните инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, иако тоа е нивна законска обврска и требало да дадат одговор за постоење на стандарди заштита од пожари и експлозии? Да дадат одговор дали постојат протокоји за заштита од пожар и за евакуација и спасување? – прашува Лефков.
Лефков нагласи дека во најголем интерес на јавноста е ЈО сериозно да ја продолжи истрагата и во ЈО да појдат и да бидат повикани најодговорните лица за да се дадат одговори на клучните прашања, а тоа е кои се пропусти ја предизвикаа страотната трагедија.