Денес, на пленарната седница на Собранието на Република Македонија парламентарното мнозинство ја изгласа потребата од измени и дополнување на Законот за работни односи во скратена постапка, со европско знаменце, а кои имаат единствена цел да го продолжат мандатот на судиите и јавните обвинители, истакна денес Миле Лефков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“.

-Се работи за измена која според нас е крајно проблематична и дискриминаторска.

Имено, со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител.

-За да се продолжи мандат на судии и јавни обвинители, истото треба да се уреди во Закон за судовите и Законот за јавното обвинителство. За промена и измени на овие закони потребно е двотретинско мнозинство. Останува големото прашање зошто министерот за правда Тупанчевски дозволува споменативе закони да бидат суспендирани и промени кои што се однесуваат на судската власт, овде во Собранието да се шверцуваат во закони кои не смеат да го регулираа тоа, истакна Лефков.

Посочи дека во уставот, не случајно е утрврдено дека споменатите закони се носат со двотретинско мнозинство.

-Судската власт мора да биде независна, а не слуга на власта. Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии со закон предложен од Владата, а потпишан од Артан Груби, посочи Лефков.