Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ, како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер.

ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата.

Од Артан Груби и дуќаните на брат му, хотелите на Шапка, и коцкарските закони, до милионските кирии кои ќе ги плаќа Лотарија, до најкриминалниот политичар во Македонија.

Бујар Османи кој сака да остане во ракавици е фатен како дава милионски тендер на партиски донатор на ДУИ.

Семејството на Ахмети плива во бизниси и милионски зделки.

ДУИ е партија која е поим за незаконско работење. Најнов пример за тоа е и непријавениот имот на директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, кој фатен во незаконско постапување ги обвини вработените во инспекторатот затоа што тој не го пријавил имотот. Или поедноставено, кабелот е крив повторно.

И кога ќе сакаат да се вадат низ призмата Албанците се нападнати, нека си признаат дека Албанците 7 години по ред ги напаѓаат токму тие, зошто заради нив Албанците се иселуваат исто како и Македонците. Мајките, сопругите и децата, Албанки исто како и Македонки плачат за своите најмили кои заради нив морале да се иселат од Македонија.

Дополнително мора да се нотира и дека техничките влади се крајно неефикасни и нефункционални, во два наврати во минатото и во 2016-тата и во 2020-тата година видовме дека граѓаните имаат повеќе штета.

Време е Македонија да има функционални влади.

Граѓаните и државата не треба да ја плаќаат цената на политичките пазарења.