Како што објавија од Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), јавната трибина на тема „Легализација на канабисот“ ќе се одржи на 28 мај (петок), со почеток од 17 часот, на Зелениот кров на Домот на градежници во Скопје.
– Поради мерките за заштита од Ковид 19, бројот на учесници со физичко присуство ќе биде ограничен, а настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на СДММ. Говорници на јавната трибина со кои ќе разговараме на темата се: д-р Нино Васиќ, Хајди Штерјова Симоновиќ, Огнен Узуновски и Коста Петров од СДСМ, се вели во поканата што е објавена на Фејсбук.
Легализацијата на марихуаната, подолг период е една од главните преокупации и на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.