Општина Бутел започна со поставување „легнати полицајци“ низ сите населени места за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

„Легнатите полицајци“ се поставуваат по барање на жителите на повеќе фреквентни локации и улици, кои самите ги посочиле до Општината.

– Поставувањето нови таканаречени „легнати полицајци“ е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова, ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот – потенцираат од Општина Бутел.