Летниот солстициј го означи почетокот на најтоплата сезона

Летото во Македонија и на северната хемисфера официјално започна денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка настапи зимата.

Со денешниот летен солстициј започнува и најтоплиот период од годината. Овој астрономски настан ја означува долгодневицата – денот кога Сонцето најдолго останува над хоризонтот, а ноќта е најкратка.

Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Тоа значи дека денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

Сончево и топло време, можни ретки грмежи на северозападот

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат претежно сончево и топло време.

Во попладневните часови, во северозападните делови од земјата ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните региони повремено се очекува засилен северозападен ветер.

Максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Летото годинава ќе трае до 23 септември во 2 часот и 5 минути, кога и астрономски ќе започне есента.