До исклучувањето дошло бидејќи електраните Деир Амар и Захрани, кои заедно обезбедуваат околу 40 отсто од електричната енергија во Либан, останале без гориво, објави Би Би Си.

Со тоа е влошена кризата поради која граѓаните имаат електрична енергија само два часа дневно.

Имено, недостигот од девизи го отежнува плаќањето на странските добавувачи на енергија.

Во Либан и аптеките стапија во штрајк поради недостиг на лекови, што исто така е последица на неплаќањето на странските увозници.