Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Сител изјави дека лицата кои ќе остварат влез на територија на државава за време на полицискиот час смеат да одат до својот дом.
– Во зависност од тоа на кој граничен премин ќе пристигнат, доколку пристигнат по копнен пат ќе бидат прифатени и можат да се движат до својот дом. Ова важи и за оние кои ќе допатуваат со авион, односно нивната авионска карта претставува пропусница за движење до својот дом а имаат и право едно лице од фамилијата да ги земе од аеродром и да ги однесе до дома, изјави Ангеловски.