Продолжува голготата за вадење лични документи. Освен нервозните граѓани кои не можат да го остварат своето елементарно право да извадат лични документи и политичарите се во клинч. Ковачевски и Пендаровски со меѓусебни префрлања на одговорноста, а Мицкоски пак со дијаметрално различен став и иницијатива до Уставен суд.
Турканици, карање, чекање со часови, физички конфликт меѓу луѓето кои се на маргините. Вакви се сликите од пред пунктот во салата „Пролет“, но и во зградата на МРТВ каде што граѓаните доаѓаат да се фотографираат за лични документи или пак чекаат да ги подигнат.
(ВИДЕО) Хаос во МРТ за подигнување лични документи: Тепачки, редици и тензии
Веќе со месеци нанзад граѓаните се жалат на недоволна ажурност на полициските службеници, но и надлежните во овој сектор. Во „Пролет“ наместо на шалтер или биро, документите ги пополнуваат и на корпа за отпадоци, а во МРТВ се чека и по 8 часови, каде неколкупати досега стигнува и до физички пресметки заради неажурните владини политики.
За документите со „Северна“ сепак крајниот збор го има Грција. На оваа тема, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски топката ја префрла кон претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција со медиумите соопшти дека го чека разговорот на Пендаровски со грчката претседателка. Тој вели дека оттаму ќе произлезат понатамошните консултации за евентуално продолжување на рокот на важност на личните документи каде не стои „Северна“.
– Со грчките власти немам разговарано. Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција. Имаме разговори кои се водат со ресорните министри, рече Ковачевски.
Но, од кабинетот на претседателот го демантираа премиерот. Велат дека тоа не е нивна обврска. Додаваат дека во однос на комуникацијата со Грција одговорен е премиерот.
– Претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, децидни се од кабинетот на Пендаровски.
На оваа тема вчеравечер зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрисијан Мицкоски во телевизиско гостување на ТВ24. Наместо празни зборови и префрлање на одговорноста, тој исто како и партискиот портпарол, Наум Стоилковски, соопшти дека нивната партија ќе застане во одбрана на граѓаните преку иницијатива до Уставниот суд кој е највисок орган во оваа држава, па може да се продолжи рокот за граѓаните. Тој вели дека така ќе се намали тензијата кај граѓаните.
Уставниот суд како највисок орган на државата може веднаш да се состане и да донесе мерка, односно да ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, категорично вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во емсијата тој ваквиот епилог и ненавремените владини одлуки ги оцени како понижување на граѓаните, а ситуацијата дека е алармантна.
Инаку, големите гужви за вадење и подигнување лични документи следуваат откако владата споерд Преспанскиот договор ја има обврската по 12 февруари нема да бидат признаени документите кои нема да го содржат терминот „Северна“.