Претставниците на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција и средбата ја започнаа со едноминутно молчење во чест на Алексеј Навални.

„Тие го изразија својот бес поради смртта во притвор на Алексеј Навални, кој беше неправедно осуден за легитимни политички активности и борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, која во моментов претседава со седумте земји.

Министерот за надворешни работи Антонио Тајани додаде дека Москва мора да престане со неприфатливата репресија врз политичките неистомисленици во земјата.

„Бидејќи идеите на Навални и борбата за слобода и против корупцијата доведоа до негова смрт“, додаваат оттаму.