Во индустриската зона „Речица“ кај Куманово денеска ќе биде претставена најголемата инвестиција на меѓународниот малопродажен синџир „Лидл“ во Северна Македонија.

Станува збор за подготвителни активности за изградба на логистички и диструбутивен центар на „Лидл“. Според најавите на компанијата, логистичкиот и диструбутивен центар ќе се простира на околу 200.000 метри квадратни, инвестицијата е вредна околу 80 милиони евра, а се планирани повеќе од 150 вработувања.

На настанот, покрај претставници на „Лидл“, ќе присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, германската амбасадорка Петра Дрекслер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.