Германија сака да ги зајакне и напорите за подобрување на заштитата на климата, изјави денеска германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

„Германија го презеде претседавањето со Г7 за 2022 година – земјите од Г7 се посветени на слободата, демократијата и напредокот“, напишал Линднер на Твитер, пренесе Ројтерс.

Министерот Линднер рече дека на состаноците на Г7 сака да ги стави прашањата за дигитализацијата и климатската неутралност на врвот на агендата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки.