По присилното слетување на авионот на Рајанер каде се наоѓаше белорускиот опозиционер, Роман Пратасевич, и неговата девојка, прва точка на дневен ред за шефовите на држави и влади на ЕУ вечерва ќе бидат санкции против режимот на Александар Лукашенко.
Литванскиот претседател изјави дека е време за дела од страна на ЕУ и дека заврши времето на реторика.
-Ова е без преседан и ужасен чин на државен тероризам против европската заедница, 120 лица се наоѓаа во авионот, граѓани на 18 држави, времето на реторика заврши, потребни ни се јасни дела за да се смени однесувањето на овој многу опасен режим, една од можностите е затворање на воздушниот просто на ЕУ за белоруските авиокомпании, исто и да се признае белорускиот воздушен просто како небезбеден за цивилни летови, изјави Науседа.
Литванскиот претседател додаде дека сака на маса да се најде и дебата за нуклеарен реактор Астравец. Тој изјави дека до сега во ЕУ за Астравец се разговарало само низ економска и еколошка призма, но дека сега е време да се разговара за тоа како за геополитичко оружје.