Во англиската јавност се претпоставуваше дека Ливерпул се одлучил да влезе во проектот поради финансиски проблеми, што по објавувањето на финансискиот извештај за минатата година, сега делумно се потврдува.

Вкупниот негативен ефект од кризата, до моментот кога навивачите ќе можат да се вратат на стадионите, би можел да достигне дури 120 милиони фунти, проценуваат британските медиуми.