Екстрадацијата на Палевски и потезите на надлежните органи по двојното убиство се во фокусот на македонската јавност. На оваа тема утрово министерот за правда рече дека во најбрз можен рок ќе биде Палевски изваден пред лицето на правдата, но и ќе биде екстрадиран, а сега веќе се огласија од неговиот кабинет.
Нивното соопштение ја пренесуваме во продолжение:
Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја, велат од министерството за правда.