Со распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се загрозува судската независност, рече министерот за правда во заминување Кренар Лога, на брифинг со новинарите. Тој се повика на судска пресуда од Европскиот суд за човекови права, и документи од домашни институции со кои вели дека плановите на идниот мандатар за телото, можат да значат мешање од извршната власт.

Во контекст на најавените реформи во судството од мандатарот Христијан Мицкоски, техничкиот министер му понудил на Мицкоски соработка, но како што кажа Лога, тој одбил.

Лога му посака успех на идниот министер за правда и му порача дека е отворен да ги сподели неговите досегашни искуства.