Бојаровски информира:
-Во врска со пожарот на планината Готен, станува збор за крак од пожарот на планината, што беше започнат од струмичката страна, над езерото Турија. Во гаснење на пожарот учествувале шумското стопанство Малешево-Берово и подружницата на Национални шуми, Равна река од Пехчево
Тој додава дека подружницата на Национални шуми, вчеравечер се повлекла, но денеска повторно излегле на терен и го локализирале пожарот. Сè уште има чад на одредени места и паднати се дрвја и пенушки.
Во текот на вчерашниот ден околу 14.15 часот противпожарната бригада на Скопје интервенирала во запалена куќа, штала и помошни простории во село Идризово, општина Петровец, што претставувало закана да се прошири во околината.
– Од РЦУК Велес информираат дека во период од 12:10 до 15:50 пожарникарите и четворица вработени во шумското стопанство Бабуна, двајца припадници од МВР и двајца мештани интервенирале на запалена нискостеблеста дабова шума, сува трева, како и два електрични столба на ЕВН. РЦУК Велес претпоставува дека пожарот е предизвикан од електричните столбови, во површина од околу три хектари. Интервенцијата е извршена во атарот на селото Ветерско, информира Бојаровски.