Пред неколку месеци излезе извештајот за финансиската состојба на локалната самоуправа на Министерството за финансии, кои само ја потврдија катастрофалната финансиска состојба во која се наоѓаат општините. Согласно истиот, на крајот на 2020 година, општините во Македонија должеа неверојатни 60 милиони евра, што беше за 13 милиони евра повеќе од 2019 година, за сега, по првите три месеци на 2021 година истиот да порасне за дополнителни 2,3 милиони евра.
По ваквите катастрофални показатели, секој рационален човек би помислил дека градоначалниците и Владата би пристапиле кон рационализација на нивната работа, намалување на луксузирањата и непотребните трошења, се со цел да ја подобрат финансиската слика. Но, наместо одговорни општини и општински комунални јавни претпријатија, СДСМ и ДУИ решија на начин кои е целосно спротивен на начелата на пазарната економија, преку две големи мерки да се обидат да ја затскријат неспособноста на општините и јавните комунални претпријатија. Првиот пат во преку „простувањето“ на долговите на општините во 2018 година кога тие добија неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски или околу 50 милини евра, додека втората во најава за опростување на камати на долговите на општинските комунални претпријатија.
За жал, сите овие мерки беа само залуден обид за спасување на општините, бидејќи наместо одговорност и отчетност, добивме само поголема забеганост на СДСМ, каде секојдневно сме сведоци на нерационални трошења, криминални тендери и незапаметено полнење на општинските администрации и јавните комунални претпријатија со партиски кадри.
Сите овие мерки резултираа со зголемување на долгот на општините за фантастични 2,3 милиони евра за само 3 месеци! Така, според извештајот на министерството за финансии, согласно крајот на март 2021 година, како најголеми 10 должници, кои се со долгови над 1,5 милиони евра се Тетово (11,2 милиони евра), Охрид (7), Карпош (4,9), Гостивар (4), Струга (2,9), а за првпат во групата на „елитни должници“ се приклучува и Град Скопје 2,8 милиони евра, кој го зголеми долгот за само 3 месеци за фантастични 2,5 милиони евра!!!
Пропаста на општините мора да престане!
По победата на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на домаќинско работење и креирање на ефикасни општински сервиси кои ќе бидат во интерес на граѓаните.
Комисија за Локална Самоуправа на
ВМРО-ДПМНЕ