Пулмологот Марјан Баловски од ГОБ „8 Септември“ во вестите на ТВ 24 ги повика граѓаните кои првично сметаат дека имаат симптоми на алергија да се изолираат поради можноста да се преносители на Ковид-19.
– Луѓе кои мислат дека имаат алергија или настинка да се изолираат. Наводно тоа може да се смета дека е лесна настинка или алергија, но може да заразат дури седум други од вирусот, рече Баловски.
Тој како пулмолог рече дека е неблагодарно да прогнозира кога ќе биде пикот на четвртиот бран, но додаде дека треба да се подготвиме за ламбда сојот кој се очекува да го има и во земјата.
– Се работи за тројна мутација. Постои, кај и да е ќе дојде кај нас. Секој да даде личен допринос и едноставно да ги почитува правилата за да спречиме несакано губење на животи, истакна докторот.
Додаде дека со Ковид-19 нема правила и дека белите дробови се прва мета така што настанува веднаш уништување на оние клетки кои прават размена на кислородот.