– Ќе работат во различни одделенија и сектори, бидејќи ние навистина имаме недостаток на кадар. Имаме доста процеси, пензионирани колеги и кои ја напуштија Управата, имаме намален број на инспектори…Така што ќе дадеме шанса на овие нови наши колеги да придонесат во приказната на УЈП, рече Лукаревска во „Утрински брифинг“, одговарајќи на прашањето на новинарот Александар Чомовски каде ќе бидат распоредени тие, со коментар дека се надева дека и таа нема да настрада како Стојко Пауновски.