Овој чин не значи само поголеми права, туку и поголеми обврски за даночните службеници со новата реформа програма која што бара сериозна посветеност и поголеми вложувања. На згoлемувањето на платите гледам како мотив плус да покажеме поголема ефикасност како даночни службеници. Нашите подобро резултати ќе придонесат за подобри резултати во општественото функционирање – изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска после постигнатиот договор со Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) за исполнување на нивните барања.

Од тоа што беше соопштено на денешната прес-конференција, платата од месец јули ќе биде зголемена за 30% и околу 900 вработени ќе добијат повисоки примања.

Претставникот на Синдикатот претходно информираше дека платите во УЈП не биле зголемени 14 години.

Олеснителна околност во ова зголемување на платите на кои што инсистиравме изминатиот период е што имаме и сопствени средства што ги добиваме како даночен орган. Очекувањата дека вработените ќе добијат поголеми права, повеќе сатисфакција за работа и истото да го оправдаме со повеќе резултати и поуспешни даночни реформи и доекипирање на тоа што ни е овозможен, како и сузбивање на даночното затајување, кажа Лукаревска.

Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк. За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски кој побара изземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.