Лукашенко рече дека промените, наведени од државната новинска агенција „БелТА“ и објавени на претседателската веб-страница на 27 декември, ќе бидат ставени на референдум некаде во февруари идната година.

Ваквата одлука за измена на уставот доаѓа по домашните и меѓународните реакции по насилното задушување на протестите по спорните претседателски избори во август 2020 година, за кои тој тврди дека му дале шести последователен мандат, но за кои опозицијата и Западот велат дека биле наместени.

Предложените измени ќе му дадат на Лукашенко имунитет од кривично гонење и ќе воспостават ограничување од два мандати на функцијата, секој за пет години. Сепак, ограничувањата ќе се применуваат откако ќе се донесат измените, што значи дека Лукашенко ќе може да владее додека не наполни 81 година.

Лукашенко владее со Белорусија од 1994 година, односно три години по распадот на Советскиот Сојуз.