Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека во неговата земја е прогласено високо ниво на опасност од тероризам.
„Во екот на ескалацијата е прогласено високо ниво на опасност од тероризам. Затоа ги започнавме процедурите за распоредување сили со Русија. Тие во основа се состојат од белоруската армија и се дополнетисо единици на руската Федерација“, рече Лукашенко, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
Лукашенко пред неколку дена изјави дека раководството на НАТО и некои европски земји ја разгледуваат можноста за агресија врз Белорусија, до сценарио за употреба на нуклеарно оружје.
Тој рече дека Белорусија и Русија почнуваат да распоредуваат заедничка регионална група сили во услови на ескалација на западните граници на Унијата.