Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска изјави дека неговата земја не поддржува забрзано пристапување на Украина во Европската Унија. Според него, членството треба да се заснова на исполнување на утврдените критериуми, при што ги посочи и балканските земји кои со години се на европскиот пат.
„Не станува збор за забрзано пристапување. Унгарија може да поддржи пристапување засновано на заслуги“, рече Маѓар на денешната прес-конференција во Будимпешта.
Тој потсети дека повеќе балкански земји веќе го почнале пристапниот процес и дека некои од нив повеќе од десет години чекаат на отворање на следните кластери.
Маѓар истовремено рече дека Унгарија уште во претходниот владин мандат дала согласност за почеток на пристапувањето на Украина во ЕУ, како и за отворањето на првиот и вториот кластер.
Унгарскиот премиер зборуваше и за договорот со Киев за правата на унгарското малцинство во Украина, со кој, според него, било предвидено Унгарците да можат да го користат мајчиниот јазик во повеќе области. Тој, меѓутоа, рече дека засега не гледа дека нешто од договореното е реализирано.
