Летовите наменети за Скопје пренасочени во Приштина, Софија, Тирана и Солун

Густата магла повторно создаде сериозни проблеми во авионскиот сообраќај, поради што дел од летовите наменети за Скопје беа пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана и Солун.

Вчера слетале и полетале само три авиони

И вчера, на Меѓународниот аеродром Скопје слетале само три авиони, кои успеале и да полетаат во попладневните часови, откако временските услови краткотрајно се подобриле.

Од ТАВ Македонија информираа дека, без оглед на временските прилики, аеродромот останува отворен и дека сообраќајот се одвива во согласност со безбедносните процедури.