Очајни и гладни жени од Авганистан ги продаваат своите деца за неколку стотици долари откако Талибанците ја зазедоа земјата, вели во својата репортажа новинарката на Би-Би-Си Јогита Лимаје, која разговарала со мајка која го продала своето новороденче за 500 долари за да може да купи храна за нејзините други деца во село надвор од Херат, на западот на земјата.

Купувачот бил неименуван маж кој тврдел дека сака да одгледа девојка која ќе се ожени со неговиот син, но нема гаранција за неговите намери.

Купувачот платил 250 долари однапред, доволно за семејството да може да купи храна за неколку месеци, а остатокот ќе го плати кога ќе се врати за бебето, односно кога тоа ќе прооди.

Моите други деца гладуваа, па моравме да ја продадеме нашата ќерка. Како да не бидам тажна? Таа е мое дете, изјавила мајката за Би-Би-Си.

Таткото на бебето, кој порано заработувал како чистач на улици, објаснува дека немале избор.

Ние гладуваме. Во моментов немаме ни брашно ни зејтин дома. Немаме ништо. Мојата ќерка нема поим каква ќе биде нејзината иднина. Не знам како ќе се чувствува за тоа. Но, морав да го сторам тоа, изјавил тој за Би-Би-Си.