Претставниците на сите македонски организации во Бугарија се собрале во Стара Кресна за одбележување на 143 годишнината од Македонското – Кресненското востание, по што е издадена Декларацијата.

Ја осудуваме политиката водена од Република Бугарија против Република Македонија, поставувањето на иритирачки услови пред нејзиното членство во ЕУ, а имено да се откаже од идентитетот на македонската нација, јазикот, историјата и да се одрече од македонското малцинство во Бугарија“, се наведува во Декларацијата.

Во неа се наведува дека претставниците на македонските организации во Бугарија се загрижени од ситуацијата во која се наоѓа македонското малцинство во Бугарија и односите меѓу Бугарија и Македонија. Тие се убедени дека барањата на Бугарија нема да успеат, но, како што велат, произведуваат омраза.