Некои скопјани со кои разговараше дописникот на Бета ќе одат во Белград само за да се вакцинираат и веднаш ќе се вратат, но има и такви кои ќе ја искористат оваа можност да ги посетат пријателите.

Поради должината на патувањето, некои ќе дојдат во Белград заедно со пријатели или колеги, а ќе има и семејни патувања за вакцинација.

Граѓаните на Македонија најмногу се пријавиле за вакцинација во Врање или Ниш, поради непосредната близина, но вчера добиле покана од „е-Управа“ да се појават на Белградскиот саем за да ја примат вакцината АстраЗенека.

Соговорникот на Бета од Скопје рече дека бил пријатно изненаден кога добил позитивен одговор на апликацијата за вакцинација и додаде дека ќе ја искористи можноста, иако Белград е „малку далеку“.

– Бев пријатно изненаден кога добив позитивен одговор. Иако избрав поблиска дестинација, Врање, сепак е термин во Белград. „Малку е далеку, но сепак ова е извонредна можност дадена од српската влада, изјавил тој.

Соговорникот на Бета, кој сакал да остане анонимен, додаде дека „за жал, поради епидемиолошката состојба, патувањето ќе биде исклучиво заради вакцинација“, и дека тој веднаш ќе се врати во Скопје.

Македонија до сега има добиено околу 10.000 дози од вакцините, а во недела се очекува да пристигнат 24.000 дози на Астра Зенека. Процесот на вакцинација пак, тече мошне бавно за разлика од другите земји во соседството.