Возачот навел дека сака да премине транзитно низ Бугарија и дека крајна дестинација му била Турција. Марихуаната спакувана во 17 пакети е откриена во посебно направен дел во резервоарот на возилото Мерцедес.
Приведен е С.Д. и според бугарските закони се соочува со затворска казна од 10 до 15 години и парична казна од 100.000-200.000 лева. Бугарската полиција соопшти дека приведениот веќе имал криминално досие во матичната држава.