Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари видео разговор со Олекси Кулеба, заменик-претседател на Владата на Украина.

Спогодба за олеснување на транспортот

Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока.

Со измените на Спогодбата се предвидува, двете земји да воведат либерализација за билатералниот и транзитниот превоз во меѓународниот патен превоз на стоки, односно истиот да се одвива без дозволи.

Дополнително, превозниците од двете земји да можат да вршат превоз за/од трети земји врз основа на дозволите што ги разменуваат Македонија и Украина во реципроцитет на годишна основа.

Во однос на билатералниот и транзитен превоз со евро стандард 2, останува да се врши согласно разменетите дозволи исто така на годишна основа.

Двете страни ја изразија подготвеноста за унапредување и развој и на превозот на патници.

Економска соработка и поддршка за Украина

Вицепремиерот Николоски истакна дека овие измени се во духот на одличните пријателски односи меѓу Македонија и Укрaина, пред се за зголемување на економската соработка, како и намалување на административните бариери во превозот на добра и патници.

Исто така, вицепрeмиерот Николоски ја истакна силната подршка на Владата и македонскиот народ кон Украина и украинскиот народ, потенцирајќи ја подготвеноста за давање на континуирана помош. Во својот меѓусебен разговор двајцата потпретседатели ги потврдија одличните односи меѓу двете земји, со заложба истите да се продлабочат во време кога за Укрaина следи период на опоравување од воениот конфликт.

Македонија како партнер во евроатлантските процеси

Вицепремиерот Николоски во своето обраќање заклучи дека Македонија како земја членка на НАТО е рамноправен партнер во евроатланските процеси со што даваме силен придонес кон обезбедување на светскиот мир и безбедност.

Клучни пораки:

Македонија и Украина го олеснуваат транспортот без дозволи.
Подобрување на економската соработка меѓу двете земји.
Македонија ја поддржува Украина и ја потврдува својата улога во НАТО.