Македонија има најевтини прехранбени производи во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои цените на храната во земјава се за 27 проценти пониски од европскиот просек.
Во иста потрошувачка кошничка, жителите на Швајцарија плаќаат дури 60 проценти повеќе од просекот во Европската унија, што ја прави една од најскапите земји кога станува збор за храна.
Храната претставува најголем товар за домашниот буџет и во Исланд и Норвешка, а високи издвојувања за прехранбени производи има и во Луксембург. Во рамки на Европската унија, трошоците за храна во просек учествуваат со 11,9 проценти од вкупната потрошувачка.
Евростат посочува дека ниските цени се карактеристични за земјите од Западен Балкан. Според експертите, големите разлики меѓу државите се резултат на дисбалансот во приходите и платите, како и на трошоците за работна сила во земјоделското производство и продажбата, што директно се одразува врз малопродажните цени.
И покрај пониските цени, храната во југоисточна Европа зазема значително поголем дел од семејните расходи. Според податоците на Евростат, во овој регион прехранбените производи сочинуваат околу 20 проценти од трошоците на домаќинствата, додека во побогатите европски земји тој удел изнесува околу 12 проценти.
Македонија има најевтини прехранбени производи во Европа
