Фатмир Меџити е новиот министер за здравство кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.
Тој по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, каде што работи од 2011 година. Меџити доаѓа на местото на Беким Сали, кадар на Алтернатива. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година.
Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар.
Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година.
Во својата биографија како работно искуство навел и дека бил член и претседател на Управен одбор – Фонд за здравствено осигурување на Македонија (2017-2018); советник на министерот за здравство (2017).