– Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, наведе Фон дер Лaјен во објавата на Твитер.

Овие вакцини се дел од 651-та илјада дози на „Фајзер“ наменети за здравствените работници и ранливите групи од земјите од Западен Балкан, што ќе бидат набавени со финансиски средства на ЕУ и испорачани во државите од регинот од мај до август.